Нови мини обуки за финансии, бизнис проекти и аналитика
Соработка помеѓу Семинари.мк и Јавен Адвертајзинг

Претстојни обуки
Зошто да не изберете нас?
- Брза и ефективна едукација – Мини обуките се дизајнирани за оние кои сакаат за кратко време да стекнат практични и применливи знаења.
- Фокус на практични вештини – Наместо долги теоретски предавања, обуките вклучуваат студии на случај, практични примери и реални сценарија од бизнис светот.
- Флексибилност – Можност за учење онлајн или во живо, со распоред прилагоден на професионалци и студенти.
- Предавачи со искуство – Обуките ги водат докажани експерти од областа на финансии, управување со бизнис проекти и аналитика, кои споделуваат реални искуства и стратегии.
- Зголемување на конкурентноста – Со стекнатите знаења, учесниците ќе можат да ги подобрат своите вештини, да напредуваат во кариерата или да започнат сопствен бизнис.
- Сертификат за завршена обука – Секој учесник добива официјален сертификат кој може да се користи за професионален развој и подобрување на CV-то.

Овие мини обуки се идеално решение за сите кои сакаат да инвестираат во својата иднина без да трошат месеци на традиционални програми.